hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Катар е првиот финалист на својот мундијал

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT-SUKI1765 xlarge

Пред само неколку дена изгледаше неверојатно, но сега е веќе официјално. Катар обезбеди место во финалето на 24 светско ракометно првенство. Пред 15.000 гледачи во „Лусаил„ арената падна Полска на Биглер, која не ја повтори одличната дефанзивна партија со Хрватска, претходно и со Шведска.  Појаците одлично го почнаа натпреварот и ги реализираа првите осум напади со неверојатна леснотија. Микаел Јурецки и Сипрзак ја „решетаа„ мрежата на Стојановиќ и Ривера во 9 минута го внесе Шариќ на голот.

Но по квалитетот на играта, Полска не се одлепи и Ривера го консолидира тимот. Повика тајм-аут при 8:6 и го внесе Бертранд Руан на местото на Марковиќ. Французинот заедно со Капоте и Хамдун го возвратија ударот и Катар во 20 минута израмни на 10:10. Шариќ брзо одбрани 4-5 топки и Мемишевиќ и Капоте за прв пат го доведоа домаќинот во водство (10:12). Со „ветер во грб„ од српските судии, катараните во последните 5 минути резултатски се оддалечија. Марковиќ се врати во игра и со убав гол се запиша меѓу стрелците, а Капоте го заврши првиот дел со 13:16 за Катар. Вториот дел почна со фантастична двојна интервенција на Шариќ и одбранет седмерец на Шмал. Малаш и Хасаб Ала на крилата на одличниот катарски голман во 36 минута ја носат најубедливата предност (14:19).

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT- HOR5126 xlarge

Во 40 минута се повреди Капоте и Ривера го внесе Руан на неговото место. Како и против Германија, азијците многу умешно ја чуваа предноста. Во 42 минута Хасаб Аба лобуваше за 16:21 и највисока разлика во мечот. По исклулувањето на Мабрук, полјаците направија серија 2:0, но Шариќ не дозволи европјаните комплетно да се доближат (18:21). Момците на Биглер не се предаваа и Јурецки и Дачек намалија на 21:23 за тајм-аут на Ривера во 52 минута. Кога загусти, Жарко Марковиќ со два гола од неговата позиција на десен бек пак мечот го внесе поспокојни води (22:25). Со човек помалку Мемишевиќ постигна клучен гол за 24:26 на само 4 минути до крајот. Со комбинаторна игра, катараните со 27:29 влегоа во последните две минути од мечот. Марковиќ од седмерец го затвори мечот за финални 29:31.  Во катарската репрезентација Капоте даде 6 гола, Малаш крај своето име запиша исто така 6, Марковиќ постигна 5, како и Хасаб Ала, но Шариќ на голот блескаше со 12 одбрани. Кај полскиот тим Шмал немаше свој ден, а Микаел Јурецки со 9 гола беше најсветлата точка.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share