hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Полска со победа по продолжение стигна до бронзата

 Poland vs Spain 150201ALX 5942 xlarge

Не беше лесно да се пронајдат мотиви во мечот за бронзениот медал само два дена по поразите на Полска и Шпанија во мечевите од полуфиналето. Момците на Биглер заради цврстата одбрана подобро го отворија мечот и преку кружниот напаѓач Сипрзак поведоа со 3:0. Каденас веднаш побара тајм-аут и се обиде да ја „размрда„ екипата. Дури во осмата минута „црвената фурија„ го постигна првиот гол преку Рокас.

Внесувањето на Антонио Гарсија донесе нова хемија во шпанскиот состав и полека се топеше полската предност. Во 23 минута токму Гарсија погоди за 11:11 и мечот влезе во егал ритам. Така со 13:13 се отиде на одмор, а Полска пак остави впечаток дека и покрај подоброто полувреме, не стекна предност по 30 минути. На почетокот на второто полувреме, Шпанија ги превзеде работите во свои раце и Томас и Раул Ентрериос со брзи голови го принудија Биглер на тајм-аут уште во 32 минута. Полека но сигурно момците на Каденас ја зголелуваа предноста.

Poland vs Spain 150201Qatar 2015 M87 POL vs ESP- HOR7280 xlarge

Гонзало бранеше подобро од Шмал и во 48 минута, шпанците заминаа на 18:22. Тогаш се чинеше дека се е готово. Но полските ракометари веруваа и преку Јурецки и Зиба полека ја топеа предноста. При 23:24 за Шпанија, Македа ја погоди стативата, а со звукот на сирената гол постигна Зиба и го внесе мечот во продолжение со 24:24. Психолошката предност сега беше на страната на полската репрезентација, која со Сипрзак како додадена вредност постојано беше во водство. По 26:26 на крајот од првото продолжение, момците на Биглер преку 2.06 високиот кружен напаѓач поведоа со 29:28 на 30 секунди до крајот. Шпанците не упатија ниту удар кон голот на Шмал и како големо изненадување, Полска го освои бронзениот медал. Финални 29:28 за полскиот национален тим во кој џокер беше Зиба со 8 постигнати гол, а Сипрзак кога најмногу требаше, во продолженијата беше незадржлив. Вкупно постигна 6 гола. Кај Шпанија Виктор Томас со 7 и Валеро Ривера јуниор со 5 гола беа најефикасни, но надворешната линија, посебно леваците потфрлија. Светскиот првак од пред две години остана без медал на мундијалот во Катар, а Полска по четврт пат освојува медал од мундијалите по среброто во Германија 2007 и бронзите во 1982 и 2009 година.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share