Победата на француската репрезентација претставува рекордна петта нивна светска титула, а и инвидуалните постигања се исто така за историјата. Клод Онеста ја освои третата светска круна и го мина неговиот претходник Даниел Костантини. Тјери Омејер и Жером Фернандез по четврт пат освоија светско првенство откако и двајцата ја имаат колекција (2001, 2009, 2011, 2015). Истиот број на медали ги има и Дидие Динар, но ова му е прва мундијалска како дел од стручниот штаб.
Генерацијата на Карабатиќ и Гигу ја освои третата светска круна, а Тјери Омејер и натаму нема пораз во финален меч ниту со Франција, ниту со Кил (додека настапуваше за оваа екипа). Единственото загубено финале му е двомечот од Лигата на шампионите против Сиудад Реал во сезоната 2010/11.