hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Биглер: „Не сакав да ги видам моите момци да си одат без медал„

Poland vs Spain 150201Qatar 2015 M87 POL vs ESP-SUKI3930 xlarge

Иако мечот за третото место често знае да биде едноличен и не многу квалитетен, сепак дуелот на Шпанија и Полска во „Лусаил арената„ донесе 70 минути драматичен и квалитетен ракомет. Иако беа во „бездната на поразот„ полјаците се вратија и триумфираа по продолжението. На прес-конференцијата двата селектори имаа свое видување за мечот:

„Среќен сум за мојот тим. Не сакав да ги видам моите ракометари да си одат дома без медал. Направивме голема работа, потврдивме дека можеме да се бориме до крај и да се вратиме во мечот„ истакна на прес-конференцијата тренерот на бронзената Полска, Михаел Биглер. „Полскиот тим беше подобар во продолжението. Ние имавме наша шанса, но не ја искористивме да издвојуваме победа. Нашата одбрана беше многу лоша и им дозволивме на полјаците да погодат во последната секунда од регуларниот дел„ заврши селекторот на Шпанија, Маноло Каденас, кој работи во клубскиот ракомет во Полска, во екипата на Висла Плок. Светскиот првак од пред две години остана без медал, а Полска за прв пат на мундијалите се радува на одличје, по мундијалот во Хрватска во 2009 година, кога исто така беше бронзена.

Share