hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ќе бидеме посвежи утре, за нас дуелот со Исланд е финале

kire-lazarov-spanija

Македонија денес и тоа како беше компетитивна во првиот дел, за во вториот да попушти и ги заштеди силите за утрешниот дуел со Исланд.

Повеќе...

Отпор само едно полувреме, Македонија поразена од Шпанија

kire-lazarov-sut-spanija

Македонија - Шпанија 21:32 (12:13)

Македонската ракометна репрезентација претрпе уште еден убедлив пораз во групата Б од Мундијалот 2019 во Минхен, откако избраниците на Раул Гонзалес загубија од Шпанија со убедливи 32:21.

Повеќе...

Хрватска пресилна, Македонија првпат поразена на Мундијалот

kire hrvatska

Хрватска - Македонија 31:22 (16:11)


Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот неуспех на Светското првенство (СП) кое се игра во Германија и Данска и во рамки на третото коло од првата групна фаза доживеа пораз од фаворизираната Хрватска со 31:22.

Повеќе...

Само еднаш Македонија ја совладала Хрватска во официјален натпревар

mkdcro

Македонија само еднаш и тоа одамна извојува победа во директните дуели со Хрватска. Последниот меѓусебен дуел беше на Европскотo првенство во Полска, каде Хрватска извојува победа од седум разлика.

Повеќе...

Лазаров е втор најдобар стрелец по две мундијалски кола

kire bahrein1

Кирил Лазаров по две кола има постигнато 16 голови со кои е втор најдобар стрелец во моментов со само еден погодок помалку од крилото на Германија, Уве Генсхајмер. Нашиот капитен е и втор на листата на асистенти, има вкупно 11 додавања за гол и во оваа категорија само за еден заостанува од лидерот, тоа е Дмитри Житников од Русија.

Повеќе...

Раул со истиот состав трет натпревар по ред

raul selektor

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез нема менува ништо во составот и за мечот број три на Светското првенство. На трибините за натпреварот против Хрватска остануваат голманот Златко Даскаловски и кружниот напаѓач Милан Лазаревски.

Повеќе...

Лазаров: Задоволен сум, Бахреин ни беше посилен тест од Јапонија

kire bah 2

Со двете победи во Минхен, македонската репрезентација се сели во Келн, само неизвесно е дали во главната групна фаза или во „Президент Купот" во борба од 12-16 место.

Повеќе...

Совладан и Бахреин, Македонија максимална на Мундијалот

mkd bahrein

Македонија – Бахреин 28:23 (12:8)

Македонија ја запиша и втората победа на Светското првенство во Германија и Данска и ја порази селекцијата на Бахреин со 28-23 (12-8), со што веројатно се наоѓа на еден или два бода до пласман во главната групна фаза.

Повеќе...

Раул го потврди тимот кој ја победи Јапонија

mkdsojaponja

Македонската ракометна репрезентација нема ништо да менува во ростерот пред денешните нови возбудувања против Бахреин. Селекторот Раул Гонзалез реши да не менува ништо од претходниот меч, па на трибините повторно ќе бидат резервниот голман Златко Даскалоски и пивотменот Милан Лазаревски, кои одмараа и против Јапонија.

Повеќе...

Туниски судии ќе ја делат правдата на натпреварот против Бахреин

tuniski sudii

Рамзи Хениси и Исмаил Буалуча од Тунис се делегирани да ја делат правдата на денешниот натпревар кој нашата ракометна репрезентација ќе го одигра против селекцијата на Бахреин. Овие судии кои ја имаа тешката задача да го контролираат дербито од првото коло во нашата група, меѓу Хрватска и Исланд, во кое победија Хрватите.

Повеќе...