hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

logo-live-scores1

Лазаров трет најпродуктивен ракометар на Мундијалот

71d8c28c924ab9b1db8e5937432423f1-la-macedoine-son-zidane-il-s-appelle-kiril-lazarov

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одигра уште едно одлично Светско првенство. Најдобриот ракометар на Македонија се најде меѓу најдобрите голгетери на турнирот.

Факултетот за спортски науки во Бохум го класифицираше нашиот капитен со коефициент 130,2 на третото по продуктивност, веднаш место зад данскиот бомбардер Микел Хансен (144,5) и Шпанецот Феран Соле (133,1).

Кога ќе се соберат позитивните и негативни страни од играта, головите, асистенциите, украдените топки, блоковите во одбрана и изнудените пенали, се добива овој резултат. Највисока оценка за еден одигран натпревар доби Хансен кој со 12 гола блесна во полуфиналето против Франција и доби коефициент 34,8.

Македонија го осви 15-тото место на првенството на кое триумфираше Данска.