hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

logo-live-scores1

Совладан Чиле за 15-то место на Мундијалот во Германија и Данска

makedonija - cile 3

Македонија - Чиле 32:30 (15:16)

Македонија со победа го заврши настапот на Светското првенство, но таа беше изборена многу потешко од очекувањата. Дуелот на Чиле беше изедначен во целиот тек. Почетокот на мечот изгледаше дека полесно ќе го добиеме овој дуел но не беше така. Чилеанците парираа одлично, беа рамноправни, на полувремето се замина со 16:16. Раул почна со тактика шест на шест, но на крајот мораше со седум на шест да го руши отпорот на противникот. Можеби планот беше да се направи поголема разлика, па да им се даде шанса на сите ракометари, но работите не се одвиваа така.

Вториот дел започна со одбрани на Ниола Митревски и голови на Филип Талески, Лазаров и Стоилов и ново наше водство. Голманот Златко Даскалоски дебитираше на голот и веднаш му одбрани седмерец на Фојчман. По серија на грешки од двете страни, Лазаров погоди од контра за 21:18 во 40. минута и минута одмор на Гаралда.

Следеше серија на Чиленците и Салинас и Себаљос израмнија на 21:21. Следеше серија на наши грешки, Чиле дури и поведе, па капитенот Лазаров со две „бомби" ја врати нашата предност (27:26). Дејан Манасков реализира седмерец за +2 и нова минута одмор на чилеанскиот стручен штаб во финишот. Манасков со два гола го зададе завршниот удар, Мартин Поповски погоди и Даскалоски одбрани седмерец за потврда на победата (32:30).

Кире Лазаров беше прв стрелец со девет погодоци, Манасков постигна осум, а Стоилов пет гола при денешната победа, за триумфален крај на овој светски шампионат на кој Македонија го освои 15-тото место.