Русија посвежа, Македонија ќе се бори за 15-то место на Мундијалот
Македонија - Русија 28:30 (14:17)
Македонската ракометна репрезентација загуби од Русија со 30:28 и утре ќе игра за 15. позиција на Светското првенство против поразениот од мечот меѓу Чиле и Катар.
Македонија го доживеа четвртиот пораз по ред на Светското првенство, овој пат во натпревар за пласман од 13. до 16. позиција бевме поразени од Русија.
Раул Гонзалеа мечот го почна со најдобриот тим и со Никола Митревски на голот. Стартувавме добро, поведовме со 4:2, но Русија направи серија од 6:0 и дојде до предност од 8:4. Следуваше наша серија од 4:0 и изедначување на резултатот. Но Русите брзо ја вратија прдноста и на одморот се замина со водство за нив од 17:14.
Нашите грешки продолжија и во вториот дел, па Русите брзо дојдоа до највисоки +6. Ништ не донесоа ниту замните на Раул и предноста на ракометаре на Кокшаров само се зголемуваше. Киреев одбрани еден куп зицери, но покрај тоа што Пешевски спушти на 24:19, руската клупа повика на минута одмор.
Сепак, нашата игра немаше континуитет и никако не врзавме позитивна серија. На крајот загубивме со 30:28.
Кире Лазаров со девет гола беше најефикасен, Пешевски постигна пет погодоци. Одличен меч имаше и Никола Митревски со 16 интервенции кои не беа доволни за да се избегне пораз.
Македонија утре од 13:00 часот ќе игра за 15. место против поразената селекција од дуелот меѓу Чиле и Катар.