hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров е најкорисен играч по првата фаза на СП

170119 FOS mwol 0123 1400x600

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најкорисниот играч по првата фаза на Светското првенство 2019 кое се одржува во Германија и во Данска.

Лазаров на листата на најдобрите стрелци е на делба на четвртото место со 30 постигнати голови, но е најдобар асистент (25), па со вкупно 55 индексни поени се издвојува на врвот од индивидуалната статистика пред Данецот Микел Хансен, кој има 35 гола и 14 асистенции и Чилеанецот Ервин Фетчман.

kiremvp


И покрај добрите партии на Кирил Лазаров, нашите репрезентативци не успеаја да го минат првиот круг, па сега во Келн ќе разигруваат за пласман од 13. до 16. место. Прв противник на Македонија ќе биде репрезентацијата на Русија.

Share