hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Отпор само едно полувреме, Македонија поразена од Шпанија

kire-lazarov-sut-spanija

Македонија - Шпанија 21:32 (12:13)

Македонската ракометна репрезентација претрпе уште еден убедлив пораз во групата Б од Мундијалот 2019 во Минхен, откако избраниците на Раул Гонзалес загубија од Шпанија со убедливи 32:21.

Митревски почна на нашиот гол и веднаш одбрани од крило, па и зицер на Агинагалде. Тоа го искористи Кузмановски и го отвори резултатот со гол од транзиција. На крилата на нашиот одличен голман, Пешевски реализира по додавањето на капитенот, за 2:1 во шестата минута.

Чудесниот Митревски го неутрализираа исклучувањето на Кузмановски и Пешевски со својот втор гол зголеми на 6:3. Агинагалде и Алекс Душебаеви ги казнија нашите грешки во нападот и намалија на 6:5. Раул повика минута одмор во 15. минута за да ги смири нашите момци, кои почнаа пречесто да грешат во нападот.

Раул Ентреиос ја комплетираше серијата 3:0 и Шпанија брзо израмни. Европскиот првак првпат поведе во 21. минута, но возврат капитент со нов гол за 9:9. Филип Лазаров стави круна на прекрасната комбинација и во 28. минута Македонија е врати во водство (11:10). Сепак, Гонзало лудо бранеше и Шпанија со +1 влезе во последната минута. Манасков израмни на 12 секунди пред крајот, но Сармиенто возврати со звукот на сирената.

Вториот дел започна со серија од 4:0 на шпанската селекција, многу наши грешки и тајм-аут на Раул. Нашиот селектор ја повлече цела прва постава и се предаде, иако имаше многу до крајот. Целта беше да се заштедат силите за утрешниот дуел со Исланд, кој решава за патникот во главната групна фаза. Шпанците го приведоа и лесно го добија дуелот со 21-32.

Најефикасни во македонската селекција беа Пешевски со шест, Кире Лазаров со пет и Кузмановски со четири гола. Митревски беше одличен на голот и собра 12 интервенции. Кај Шпанија се истакнаа Арињо и Раул Ентрериос со по пет погодоци.

 

Фото - Ekipa.mk

Share