Лазаров: Бахреин е поквалитетен ривал од Јапонија
Утрово репрезентативците се подготвија за единствената тренинг сесија пред натпреварот со Бахреин. Селекторот прв се појави и одговорно реферираше како националниот тим го смени чипот од Јапонија н Бахреин. Капитенот Лазаров, предупреди дека утрешниот дуел со Бахреин ќе биде потежок за „црвено-жолтите" од мечот со Јапонија бидејќи противникот е поквалитетен во однос на „самураите".
„Бахреин одиграл квалитетно против Шпанија. Се работи за поквалитетна екипа од Јапонија. Тоа значи дека треба да бидеме многу повнимателни, не смееме да дозволиме да не успие победата од девет гола разлика над Јапонија. Победа со Бахреин би ни значела многу. Очекувам тежок меч и голема борба. Мораме да сме максимално сконцентрирани и да одиграме најдобро за да можеме да се надеваме на победа. Важно е што здравствениот билтен е добар. Денеска на доручек, ниту еден играч не се пожали за некаква повреда. Тоа ме радува, тоа значи дека утре сите можеме да дадеме максимум. Ме загрижува тоа што од утре играме ден за ден. Нема да имаме пауза, нема да имаме време за анализирање, за рекуперација. Да не се повторувам дека ростерот ни е таков каков што ни е, подмладен, неискусен", изјави капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров.
Македонија утре од 14:00 часот се среќава со Бахреин, селекција против која никогаш не сме играле во историјата.