Промовиран новиот дрес на македонската ракометна репрезентација
Денес, во продавницата „Д-спортска опрема", која се наоѓа во склопот на спортската арена „Филип Втори" и е официјален партнер на македонската репрезентација, промовирани се новите дресови на македонската ракометна репрезентација.
Промоцијата е одржана под мотото „Со нов дрес до нови победи", а со овие дресови македонската национална селекција ќе настапи на СП во Германија и во Данска.
На промоцијата беа присутни челниците на Ракометната федерација на Македонија, како и нашите репрезентативци на чело со капитенот Кирил Лазаров.
Дресовите се достапни и за љубителите на ракометот, кои можат да ги набавават по промотивна цена од 1.119 денари, денес и со потписот на некој од нашите репрезентативци.