По завршувањето на Светското првенство во Франција, организаторот ги избра десетте најубави голови на турнирот, кој траеше три недели. Цепелинот на Кирил Лазаров и Дејан Манасков против Шпаније е прогласен за најубав гол на шампионатот.
Лазаров постигна 50 гола на 6 натпревари и беше најдобар стрелец на Мундијалот, а сега го има и најубавиот гол на Мундијалот.