hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Многу ни фалеа Миркуловски и Манасков

18-de-finale-norvege-macedoine-21012017-vi-michel 32442204915 o

Капитенот Кирил Лазаров жали што не бевме комплетни на дуелот на кој бркавме историја и потенцира дека во нашиот национален тим премногу се почувствувало oтсуството на Манасков и Миркуловски.

„Друга ќе беше сликата да бевме комплетни. Да беше Деки со нас и Жути.Ќе имавме поголеми пшанси, ако не и поголема победа. Во првото полувреме дадовме добар отпор, игравме добро, но промашивме многу зицери. Тоа е што е. Нема што да жалиме. Мора да бидеме еве не задоволни, но со главите горе. Ни се укажа прилика. Сигурен сум дека ако бевме комплетни ќе бевме подобри. Норвешка е репрезентација од светскиот врв. Промашивме зицери. Сега треба добро да се анализира, стручниот штаб ја има таа работа. Се надевам дека следува ЕП во Хрватска за нас. Се надевам дека ќе се пласираме таму иако нема да биде воопшто лесно. Но, малку да ги оладиме главите и да преспиеме, па ќе видиме. Завршивме како трети во тотално тешка група, игравме добро против Шпанија, имавме само ден пауза. Немавме ширина едноставно, па дојдоа и повредите. Штета!", изјави капитенот Лазаров.

Нашиот капитен турнирот го заврши со 50 гола и е најдобар стрелец на Светското првенство се додека Македонија остана на турнирот.

Share