Македонија поразена од Шпанија и покрај блескавата игра
Македонија – Шпанија 25:29 (14:14)
Во мечот од четвртото коло во групата Б на Светското првенство во Франција, македонската репрезентација загуби од Шпанија со 25:29 (14:14).
Мечот почна со три минути бе постигнат гол, па следеа пет успешни реализациии. Шпанија прва побегна на 5:8 со лесни голови на Ангел Фернандез и Фигуерес. Сепак Македонија покажа заби и со серија од 4:0 дојде до водство. Трајковски погоди од својот казнен простор, па Миркуловски реализира на празен гол и момците на Червар влегоа во ритам.
Капитенот Лазаров смисли начин како да ја надмудри поанската одбрана и со два цепелина предизвика еуфорија на трибините. Најнапред комбинираше со Манасков, а потоа со Георгиевски и Македонија поведе со 14-11. Сепак, Гонзало ја врати Шпаниха во мечот, а Алекс Душебаев во последната минута погоди за 14:14 на полувреме.
Вториот дел започна со два гола на Ривера и Шпанија пак се врати во водство (15:16). Следеа два гола на Алекс Душебаев низ „срцето" на нашата одбрана. Шпанската игра стана побрза и со серија на бековите на „фуријата" предноста на нашиот ривал порасна на +3.
Со таа инерција се влезе во последните 10 минути, со отворен гард и со натпревар со опции за двете селекции. Сепак поискусната шпанската селекција не дозволи ново враќање во натпревар и го доби и својот четврт натпревар во групата со 25:29.
Во македонската репрезентација најефикасен беше Кире Лазаров со 6 гола , а Ривера даде неверојатни 11 гола кај Шпанците.