Променети термините, Македонија двапати ќе игра во најраниот термин
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги промени саатниците за натпреварите од главната рунда во групата на Македонија.
Лазаров: Можевме многу подобро, но треба да бидеме задоволни со победата
Селекцијата на Македонија очекувано и без никакви проблеми вечерва ја совлада Гвинеја (29-20) со што го официјализира пласман во втората фаза на СП во Вараждин, каде што ќе продолжи во група заедно со Франција, Катар и Австрија, како и Холандија и Унгарија со кои веќе игравме.
Македонија пресилна за Гвинеја, обезбедено место во главната групна фаза
Македонија - Гвинеја 29:20 (14:10)
Македонската ракометна репрезентација ја оствари првата победа на Светското првенство и ја совлада Гвинеја со 29:20 во рамки на последното, третото коло, во рамки на групата Д. Со овој триумф Македонија го чекираше билетот за главната фаза на турнирот, каде ќе разигруваме со најдобрите три селекции од групата Ц, а тоа се Франција, Австрија и Катар.
Лазаров: Фаворити сме, но очекувам тежок натпревар
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров внимателен пред натпреварот со Гвинеја иако Македонија на оваа средба е голем фаворит. Лазаров вели дека двата исцрпувачки натпревари кои ги одигравме ,не смеат да ни направат проблем за мечот со Гвинеја.
Лазаров: Колку и да се добри - тешко е со дваесет минути играч помалку и дванаесет седмерци!
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров по крајот на натпреварот против Холандија и првиот пораз (37:32) на Светското првенство беше незадоволен од текот на натпреварот и се она што се случуваше на теренот. Тој нагласи дека е тешко да се одигра натпревар во кој речиси 20 минути имаш играч помалку, а од друга страна противникот има дванаесет пенали во своја корист.
Македонија храбро се бореше, но потклекна пред супер-брзата Холандија
Холандија - Македонија 37:32 (18:15)
Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство откако загуби со 37:32 од Холандија. Клучен податок можат да бидат и 14 грешки на нашата селекција во овој меч. Водевме со 1:0 и 2:1 на стартот од првото полувреме, а потоа Холанѓаните го контролираа резултатот, два пати имаа предност од „плус два" (4:2, 5:3).
Лазаров: Треба да ја заборавиме Унгарија, Холандија е селекција која не ни одговара!
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров целосно се фокусира на утрешниот предизвик против Холандија во рамки на второто коло на Светското првенство. Турнирот го почнавме добро со реми против фаворитот Унгарија иако имавме големи шанси и да го освоиме цел плен и да почнеме со победа во рамки на групата Д.
Лазаров; Горд сум на моите играчи, да продолжиме со ова темпо
Македонската репрезентација ремизираше со Унгарија 27:27 (14:14) во првото коло од прелиминарната фаза на СП 2025 година.
Македонија пропушти победа и со реми против Унгарците го отвори Мундијалот
Македонија - Унгарија 27:27 (14:14)
Во првото коло од групата Д во прелиминарната фаза на Светското првенство, македонската машка ракометна сениорска репрезентација во Вараждин одигра реми 27:27 против Унгарија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа голема поддршка од навивачите на трибините. Пред стартот на мечот нашите најдобри ракометари беа свесни дека пред себе имаат противник кој е фаворит во групата и еден од кандидатите за медал на ова СП.
Репрезентативците го одработија официјалниот тренинг пред дуелот со Унгарија
Македонската ракометна репрезентација попладнево од Свети Мартин пристигна во Вараждин. Нашите раометари го одржаа последниот тренинг пред премиерниот натпревар на Светското првенство, каде ќе се соочиме со силната селекција на Унгарија.
Повеќе артикли...
- Лазаров: Унгарија е ракометна сила, но ние сме спремни и ќе одиграме најдобро што знаеме
- Македонија со победа ги заврши подготовките, Мундијалот може да почне!
- Македонија убедлива во претпоследниот тест пред мундијалскиот старт
- Лазаров: Не ме загрижува порзот, она што го сакав - го видов од момците!