Македонија загуби и од Аргентина, ќе се бори за пласман на Президент Купот
Македонија - Аргентина 26:34 (11:18)
Македонската ракометна репрезентација без ниту еден освоен бод го заврши учеството во Ф-групата на Светското првенство 2023. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со 26:35. Ова беше натпревар кој директно одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи во Главната групна фаза.
И покрај најавите дека „црвено-жолтите" по двата убедливи пораза имаат сили за позитивен резултат, на теренот ништо поразлично од средбите со Норвешка и Холандија, а и резултатот на полувреме беше идентичен 11:18.
Аргентина во второто полувреме без проблем ја одржуваше високата предност и го приведе резултатот кон сигурна победа.
Филип Талески со пет, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со по четири погодоци беа најефикасни во македонскиот тим, Диего Симонет со осум гола се истакна кај победниците.
Нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 25. до 32. место.