Лазаров ги собра репрезентативците, отпочнаа мундијалските подготовки
Македонската ракометна репрезентација денес ги започнува подготовките за Светското првенство кое ќе се игра во јануари. Ждрепката не донесе некоја поволна ждрепка за нас, но селекторот Лазаров се надева дека можеме да бидеме изненадување.
„Кај ракометарите видов желба и мотивираност за докажување и тоа многу ме радува. Самиот пласман на Мундијалот е успех, ќе направиме се да се пласираме во вториот круг. Сигурно нема да биде лесно, но ќе се обидеме да изненадиме како атусајдери. Имам стратегија и се надевам дека ќе ги одработиме подготовките онака како што планирам. Помладите играчи добиваа самодоверба во изминатата година и тие ги извлекоа натпреварите со Романија и Чешка. Напредувавме многу, тоа го покажавме и со доминантните победи Турција и Луксембург", изјави Лазаров.
Според планот нашите момци денеска заминуваат во Маврово каде е предвидено да одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора.
Пред Нова година ќе се вратат во Скопје, а на 3 јануари ќе се одигра мечот на деценијата, по што следниот ден заминуваат во Хрватска каде ќе бидат дел од „Кроација Купот".