hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хрватска без Вори на ЕП во Полска

vori

Селекторот на Хрватска Бабиќ го објави потесниот список од 18 ракометари, кои ќе бидат дел од тимот, кој ќе патува на европското првенство во Полска. Изненадувањето е изоставувањето на Игор Вори, кој нема да биде во екипата. Тој е стандарден репрезентативец уште од Светското првенство во Португалија 2003 година, кога Хрватите за прв пат освоија златен медал на едно големо натпреварување.

Изборот на Бабиќ падна на следните ракометари: Мирко Алиловиќ (Веспрем), Иван Пешиќ (Мешков), Филип Ивиќ (ППД Загреб), Мануел Штрлек (Киелце), Антонио Ковачевиќ (ППД Загреб), Иван Чупиќ (Киелце), Златко Хорват (ППД Загреб), Илија Брозовиќ (Хамбург), Крешимир Козина (Флензбург), Тин Конбтрец (ППД Загреб), Марко Копљар (Барселона), Лука Шебетиќ (ППД Загреб), Марио Вуглач (Лехвија), Игор Карачиќ (Вардар), Лука Циндриќ (Вардар), Домагој Павловиќ (ППД Загреб), Марко Мамиќ (Данкерк), Иван Слишковиќ (Веспрем).

Домагој Дувњак, Марино Мариќ и Јаков Гојун, добија неколку слободни дена и ќе се приклучат на репрезентацијата во втората фаза од припремните натпревари.

Share