evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Шпанецот Коралес потпиша за ПСЖ од 2017 година

corales psg

Шпанецот Родриго Коралес е нов голман на францускиот ракометен првак ПСЖ од 2017 година. 24 годишниот трет голман на шпанската селекција доаѓа од Висла Плок, каде моментално е на позајмица од Барселона. Тјери Омејер го продолжи својот договор до 2020 година и треба да биде од голема помош за прилагодување на Коралес. Денес на прерставувањето во Париз во друштво на спортскиот директор на клубот Жан Клод Бланк, Коралес изјави дека е презадоволен од потпишувањето на најдобриот договор во кариерата.

Франција изненадена од Катар, победи за Србија и Полска во тест мечеви

fra - qat

Во пријателски меч кој се одигра во Сента, ракометарите на Србија ја совладаа Унгарија со 24:22 (14:11). Најефикасни кај репрезентацијата на Србија беа Петар Ненадиќ со 8 и Зеленовиќ со 7 погодока. Интересно е дека еден од најдобрите во српскиот тим беше Дарко Станиќ. Актуелниот олимписки, светски и европски шампион Франција загуби од Катар со 25:28 (13:9) во вториот натпревар во „Златната лига".

Повеќе...

Немања Илиќ го пропушта европското првенство во Полска

nemanja ilic

Српското крило Немања Илиќ ќе го пропушти европското првенство во Полска. Соиграчот на Георгиевски во Тулуз заработи скршеница на прстот од раката и ќе мора да биде опериран, па селекторот Периќ нема да го сврсти ниту на поширокиот список за претстојниот европски шампионат.

Повеќе...

Ортега стана јапонски селектор и тренер на Колдинг

ortega

Откако изненадувачки беше сменет по само два порази од клупата на унгарскиот и СЕХА шампионот, Веспрем, Антонио Карлос Ортега доби неколку примамливи понуди, но дури сега на крајот од годината прифати две од нив. Најнапред Ортега потпиша краткотраен двомесечен договор со јапонската ракометна федерација и ќе ги води Јапонците на азискиот шампионат, кој ќе се одржи од 15. до 28. јануари 2016 година. Тој е веќе во Унгарија каде се подготвува со јапонските ракометари.

Повеќе...

Бомбач од следната сезона се сели во Киелце

bombac 1

Средниот бек Деан Бомбач е ново засилување за екипата на Киелце. Оваа радосна вест за навивачите на полскиот шампион ја објави сопственикот на клубот Бертуш Серва. Ракометарот кој настапува за унгарскиот Пик Сегед, во Киелце ќе се пресели на крајот од оваа натпреварувачка сезона.

Повеќе...

Баур сменет во Шафхаузен, Данецот Валтер негова замена

markus baur

По лошата полусезона во Лигата на шампионите со првакот на Швајцарија, Маркус Баур е сменет од тренерското место во Кадети Шафхаузен. Клубот спогодбено го раскина договорот со германскиот стручњак.

Повеќе...

Грецки со сериозна повреда, го пропушта европското првенство

grecki

Репрезентацијата на Германија и Рајн Некер Ловен за неполна недела загубија уште еден ракометар на подолг период. Уве Генсхајмер ја повреда тетивата на ногата, а на мечот со Кил тешко се повреди и без десното крило Патрик Грецки.

Повеќе...

Веспрем и Илиќ заедно до 2019 година

ilicm

Српскиот интернационалец и најдобар стрелец во Лигата на шампионите минатата сезона, Момир Илиќ го продолжи договорот со европскиот вицешампион, Веспрем до 2019 година. Тој во Унгарија пристигна пред две години од германскиот Кил и е клучен човек во традиционалниот унгарски клуб, во кој своевременио играше и нашиот Кирил Лазаров.

Повеќе...

Хрватска без Вори на ЕП во Полска

vori

Селекторот на Хрватска Бабиќ го објави потесниот список од 18 ракометари, кои ќе бидат дел од тимот, кој ќе патува на европското првенство во Полска. Изненадувањето е изоставувањето на Игор Вори, кој нема да биде во екипата. Тој е стандарден репрезентативец уште од Светското првенство во Португалија 2003 година, кога Хрватите за прв пат освоија златен медал на едно големо натпреварување.

Повеќе...

Чиле доби нов селектор: Матео Гаралда го почнува новиот проект на јужноамериканците

mateo garalda

Матео Гаралда е нов селектор на репрезентацијата на Чиле. Целта со неговиот ангажман е пласман на Олимписките игри во Рио, иако легендарниот шпански ракометар потпиша договор на четири години.

Повеќе...