02.10.2014 Handball-profile.com
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров одговори на седумте прашања на порталот www.handball-profile.com и откри некои детали од неговите почетоци и растот на кариерата.
Дали се сеќавате на моментот кога се одлучивте да започнете со ракомет?
Мојот прв спорт беше кошарката. Во петто одделение во мојот град се популарен беше ракометот, а играч-тренер на екипата беше мојот татко. Решив да се обидам. И отидов на првиот тренинг и се заљубив на прв поглед во играта. Во ракометот сум од моите 10 години.
Кое е вашето деби и вашиот прв клуб?
Мојот матичен клуб е Овче Поле од мојот град Свети Николе. Првиот меч го одиграв кога бев седмо одделение против Вардар. Се сеќавам дека одиграв одличнно. Противникот не ме свати сериозно заради младоста и ми остави многу простор да шутирам и тоа го искористив.
Дали секогаш играше на позицијата на која играше и денес?
Почнав да играм на позиција на десно крило. Така беше бидејќи бев млад и немав висина и тежина за позицијата десен бек. Како растев тренерите ме поместија на позиција на десен бек.
Кој е мечот кој нема никогаш да го заборавиш?
За жал не сум во можност да одберам, бидејќи одиграв многу натпревари бидејќи имаше толку мечеви во различни периоди. Можеби ќе бидам во подобра положба да одговорам на ова прашање по заршувањето на мојата кариера.
Кој играч беше инспирација за вас?
Од моите почетоци тоа беше Тони Кукоч. Благодарение на него ја имам седумката на мојот дрес.
Дали ги следите другите спортови и и дали сте фан на одреден клуб или спортист?
Јас сум фан на Барселона и Милан. Ги обожавам Лео Меси и Новак Џоковиќ
Сирење или чоколадо?
Водам грижа за здравјето и исхраната. Тое е тешко прашање....Чоколадо