hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Данска е „машинерија“, после ова првенство имам појасна слика за иднината

processed-69982426-9525-4499-9202-18019803c96d olNmpA16

Кирил Лазаров дебитираше како селектор на македонската репрезентација на еден голем собир. По поразот од Данска селекторот изрази делумно задоволство, иако резултатот од 21-31 покажува разлика во квалитет.

На средбата со новинарите Лазаров го анализираше натпреварот, но и цел турнир во Дебрецин.

„Сакам да се подготвувам за натпревар со големи противници. Но, колку и да се трудев ова беше невозможна мисија да дадеме поголем отпор, и покрај тоа што во големиот дел од мечот дадовме отпор и тоа со неафирмирани играчи. Овие минути што им ги дадовме на овие играчи, можеби многу ќе им значат. Треба во иднина да ги пронајдеме 16 до 20 играчи кои би служеле за Македонија. Друго е кога ќе видите некој играч во македонско првенство, а друго е истиот играч тука на ЕП против Данска. Тука треба да ни биде јасна сликата на кого да сметаме, за да дојдеме до тие 20 играчи. Покажавме дека можеме да бидеме конкуренти против Данска која е една машионерија која гази. Имавме и пех рано се повреди и Кузмановски. И некои нивни резерви беа најдобри играчи и тоа кажува за каква селекција станува збор.

Делумно сум задоволен од шампионатот. Важно е да оформиме чиста слика. Многу ни значи ова првенство.. Ќе го сфатиме ова како позитивно искуство", заврши селекторот.

Македонија загуби од сите три противника, поразот од Црна Гора се сфати трагично, но излезе дека оваа селекција има сили за главната групна фаза. Нашиот пласман на првенството ќе биде меѓу 18-24 место.

Share