Македонија со победа ќе замине на Европското првенство откако денеска со 25:24 ја совладавме селекцијата на Црна Гора. Денешниот меч меѓу Македонија и Црна Гора кој се играше зад затворени врати, имаше неизвесен тек во сите 60 минути. Данило Брестовац и на овој меч настапи без капитенот Кирил Лазаров.
Во првото полувреме и двете репрезентации се менуваа во водство, на одморот Црна Гора замина со еден гол предност.
Македонија - Црна Гора 25:24 (12:13)
Македонија:
Митревски (14 одб), Манасков 5, Талески 5, Маџовски 3, Кузмановски 2, Крстевски 1, Велковски 1, Танкоски 1, Поповски 2, Стоилов 2, Пешевски 3, Лазаров (капитен), Серафимов, Мишевски, Георгиевски, Костески, Н. Маркоски, Ристовски