Македонија никогаш не ја победила Франција и не дебитирала на ЕУРО со победа
Македонија никогаш не победила на старт на европско првенство и само еднаш ремизираше, со два порази. Франција е четвртиот противник на стартот, со надеж за подвиг.
Без Филип Лазаров на мечот со Франција
Ивица Обрван откри дека капитенот на Вардар, Филип Лазаров ќе биде ракометарот кој утре ќе се најде на трибините за мечот со Франција. Со оглед на тоа што противникот е физички многу моќна репрезентација, а Лазаров не е залечен, Обрван се одлучи да не ризикува.
К. Лазаров: Ние се фокусираме само на нашата игра
Капитенот Кирил Лазаров максимално мотивиран го чека дуелот против најмоќната ракометна сила на светот и актуелниот европски, светски и олимписки шампион, Франција. Лазаров открива дека веќе се сретнал со браќата Карабатиќ и Абало.
Македонија пристигна во Краков, ЕХФ делегираше дански судии за првиот меч
По 90 минутен лет од Скопје до Краков македонската ракометна експедиција пристигна во Полска со цел да остане што е можно подолго на европското првенство. Нашата делегација веднаш се смести во хотелот „Хилтон" во непосредна близина на „Краков арената" каде ќе се играат трите натпревари од А групата.
Ракометната репрезентација одлета за Полска
Точно на пладне со чартер лет од Скопје, експедицијата на македонската ракометна репрезентација, во која патуваат 17 ракометари, стручниот штаб и челниците на РФМ летнаа за Краков каде ќе стигнат нешто по 14:00 часот. Целта на „црвено-жолтите" е да останат што е можно подолго во Полска и да исполнат барем дел од целите кои ги зацртаа пред заминувањето.
Краков подготвен за големата ракометна приредба
Град накитен и обоен во симболите на европското првенство денес ќе ги дочека македонските ракометари во Краков. Лазаров и другарите попладнево со чартер лет од Скопје ќе пристигнат во Краков со желба да останат што е можно подолго. Градот каде ќе се играат и завршните натревари на европското првенство целосно е во знакот на црвената боја и на раката со пет прсти, која е маскота и симбол на првенството.
Онеста со целиот потенцијал доаѓа во Полска
Бранителот на европско злато, Франција со проверени сили ќе патува на ЕП во Полска. Селекторот Клод Онеста денес го објави списокот на ракометар кои утре со чартер лет за Краков ќе замине по опции за уште едно злато. На листата се главно проверени имиња, но некои од нив мака мачат со повреди.
Претседателска посета пред заминување на ракометарите за Краков
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов свечено ги испрати ракометарите во Краков и им посака да го постигнат најголемиот успех досега на големите приредби. Заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов тој лично се поздрави со членови на експедицијата, а разговараше нешто подолго со капитенот Кирил Лазаров.
Познати 17 патници за европското првенство во Краков
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван попладнево одржа средба со сите ракометари, на која беа соопштени имињата на 17 репрезентативци кои на 13. јануари ќе заминат за Краков. Од списокот одпаднаа Костески, Талески, Митревски и Кукоски. Експедицијата патува со чартер лет во среда точно на пладне.
Победена Црна Гора и во вториот тест, Лазаров и Борко Ристовски одмараа
Македонија – Црна Гора 29:26 (13:11)
Со две победи и два нерешени резултати, македонската ракометна репрезентација патува за Краков, каде од петок ги почнува натпревари на европското првенство во Полска. Избраниците на Ивица Обрван и во вториот натпревар ја совладаа Црна Гора со 29:26 (13:11) во меч од затворен тип во СРЦ „Кале" во Скопје. На овој натпревар одмор доби капитенот Кирил Лазаров, а повторно нашите момци делуваа хомогено и многу позрело од противникот.