Лазаров: Да бидеме паметни и да одговориме со соодветна тактика
Пред денешниот меч против Норвешка, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров апелира на максимално менување на „чипот" за разлика од мечот со Хрватска на кој Македонија покажа одредени лимити и доживеа двоцифрен пораз.
Мир и концентрација пред мечот со Норвешка за македонските ракометари
Македонската репрезентација во Краков го започна процесот на физичко и ментално рекуперирање во пресрет на последните два меча од главната фаза во Краков на европското првенство во ракомет. Попладневниот тренинг од 18:00 часот беше најспокоен до сега, без присуство на новинарите, со многу концентрација и со една мисла во главата, Норвешка.
Лазаров: Имаме обврска да ги добиеме следните два меча
Македонската ракометна репрезентација во мир го подготвува мечот со Норвешка и во предност е што поодморна од ривалот ќе влезе во мечот вo понеделник попладне.
Кирил Лазаров кандидат за најгламурозна личност во регионот
Хрватскиот портал „glam.hr" на 15 февруари во концертната сала Ватрослав Лисински со почеток во 20:00 часот ќе се избира најгламурозна личност од регионот за 2015 година. Покрај балканските ѕвезди од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, во конкуренција влегоа и шест Македонци.
ВИДЕО: Лазаров најдобар десен бек на првата фаза на шампионатот
Македонскиот капитен Кирил Лазаров се најде во идеалната седморка по првиот дел од Европското првенство во ракомет. На натпреварите со Франција, Полска и Србија, десниот бек на нашата селекција впиша 21 гол, делуваше лидерски, со многу асистенции и еден спектакуларен цепелин и во целост заслужи да биде избран како најдобар на својата позиција.
Лазаров: Бевме очајни и некоординирани
Како и секогаш капитенот Кирил Лазаров излезе пред новинарите и по овој пораз и го анализираше лошо одиграниот натпревар против Хрватска.
Македонија немоќна, Хрватска прелесно до бодовите
Македонија - Хрватска 24:34 (13:17)
Мечот против двократниот олимписки шампион, Хрватска за македонската репрезентација беше вовед во втората групна фаза. Почнавме многу лошо во одбраната и со неверојатна леснотија крилата и Копљар ја пробиваа нашата зона за 1:4 во 6. минута.
Лазаров: Ќе играат две балкански школи, навикнавме на инфаркт-завршници
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров има многу пријатели меѓу хрватските репрезентативци. Секојдневно се среќава и разменува мислења и шеги со нив. Но, вечерва во „Краков арена" ќе биде на спротивната страна и ќе се обиде да им врати на Хрватите за мундијалскиот катарски пораз.
Голот на Лазаров против Франција, нај-гол на групната фаза!
Голот на Кирил Лазаров по двојниот цепелин со Дејан Манасков на мечот со Франција во првото коло, ЕХФ го избра за најубав гол во групната фаза во А и Б групите, каде вчера се одиграа мечевите од третото коло.
Мина одморот и славјето, два тренинзи пред Хрватска во текот на денот
Нема време за одмор за нашите ракометари. Прославен е пласманот во следната фаза, одмор и насочување кон наредниот натпревар. Една година по порзот во Доха на светското првенство, пак ќе играме против Хрватска, овој пат во меч со поголема вредност.