Летонските судии Зигмарс Столаровс и Ренарс Лицис се делегирани да ја делат правдата на мечот Македонија - Белорусија денес од 16.00 часот во „Краков арената".
Зигмарс Столаровс и Ренарс Лицис за првпат на ова првенство ќе им судат на македонските ракометари на ова првенство, а во минатото само еднаш се соочувме со нив на големите приредби, во овој период пред две години во поразот од Шпанија на европското првенство во Хернинг, Данска со 33:22. Делегат на ЕХФ е Сотирис Мигас од Грција, а контролор на судењето Шандор Андорка до Унгарија.