hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Белорусија не спушти на земја: Македонија без победа и како 11-та се враќа дома

kire so belorusija 10

Македонија - Белорусија 29:30 (13:14)

Последниот шести натпревар на европското првенство Македонија го одигра во црвено-жолтата комбинација, а ни требаше третиот напад Немања Прибак да го постигне првиот гол.

Пукоски прв ги одлепи белоруските ракометари, но Велко Марковски, капитенот Лазаров и Ојлески со серија на голови не вратија во мечот (6:6). Во 15 минута со голот на Стоилов првпат поведовме, но непостојаноста во играта не ни дозволи да се одлепиме. Но како и ние, така и момците на Шевцов грешеа и капитенот Кирил Лазаров со два гола ни донесе 10:9. Дури три пати двете селекции се сменија во водството, а Јуринок со гол од контра во 27 минута ги оддалечи нашите противници на +2. Сепак капитенот и Мојсоски погодија за 13:14 на полувреме.

Вториот дел го почнавме катастрофални и со серија 5:1, Пукоски ја одлепи Белорусија на 14:20 за тајм-аут на Обрван. Гоце Георгиевски со два гола го спушти заостанувањето , но и натаму ни фалеше ритам. Дојде средината од вториот дел и предноста на Белорусија не се спушташе. При 19:24, Пукоски пак ја проби нашата одбрана централно за потврда на неговиот добар меч. Мечот влезе во фаза во која Лазаров и Пукоски се натпреваруваа кој ќе даде повеќе голови, за по деветтиот на капитенот во 50 минута да намалиме на 23:25. По белорускиот напад и конфузија се доближивме до -1. Лазаров во 55 минута израмни на 27:27 за нова драма. Но, белоруските бекови погодија двапати во серија и мечот ни побегна низ раце за финални 29:30 (13:14). Во репрезентацијата на Македонија се истакнаа Лазаров со 10 и Манасков со 4 гола, додека кај Белорусија најпозитивни беа Пукоски со 11 гола, а Јуринок даде 5.

ФОТО:Филип Вирановски

Share