Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров првенството во Полска го заврши на петтото место на листата на стрелци со 42 постигнати гола. Вистинска штета што не можеше да игра уште два натпревари како останатите, инаку веројатно ќе беше прв стрелец, по вторпат по подвигот во Србија во 2012 година.
Најдобар стрелец на Европското првенство е Валеро Ривера од Шпанија со 48 гола. На втората позиција се најде Германецот, Тобијас Рајхман со 46 гола, па Кристијан Бјорнсен од Норвешка со 45. Дејан Манасков е на 13 место меѓу најдобрите стрелци со 32 постигнати гола.