Лазаров има парцијална роптура на задниот бутен мускул
Повредата на капитенот Кирил Лазаров ќе го остави надвор од ракометните терени скоро еден месец. Според резултатите на магнетната резонанца пред два дена во Загреб, десниот бек на македонската репрезентација ќе биде 2-4 недели во целосно мирување, а потоа ќе започне со тренинзи на рекуперација во својот клуб Нант.
Лазаров нема да биде во составот денес против Данска и на терените ќе се врати во вториот дел од клупската сезона со Нант. Најдобриот македонски ракометари стегна заби за да виде во ростерот, шутираше седмерци, но извесно беше дека не може да им помогне на соиграчите.
Македонија денес против Данска го игра последниот натпревар од главната групна фаза во Вараждин, а многу веројатно по завршувањето на овој дуел ќе се врати дома, бидејќи шансите за натпревар за петто место се сведени на теорија.