evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Македонија цел меч водеше, но на крајот им ја подари победата на Чесите

39151716924 b36bf8eef0 z

Македонија – Чешка 24:25 (13:11)

Македонската ракометна репрезентација несреќно загуби од Чешка со 24:25 (13:11) и ги загуби шансите за пласман в полуфиналето на Европското првенство.

Лазаров и покрај загревањето, не се најде во стартниот состав, туку шанса доби Мартин Велковски. Со головите на Талески и Миркуловски и цврстата одбрана, поведовме со 3:1 во шестата минута. Се разбрани Борко Ристовски, но две технички грешки на Мартин Велковски им дозволија на Чесите да се доближат. Сепак, Стоилов од линијата и Кирил Лазаров од седум метри погодија за 6:2 и минута одмор за тандемот чешки селектори.

39151717154 6a6ab44c59 z

Брзо чешките крила одговорија со два брзи гола за 7:5 и тајм-аут на Раул во 17 минута. Манасков и Пешевски постигнаа два неодговорени голови за 11:7 на пет минути до крајот на полувремето. Со таа инерција првиот дел го завршивме со ракометар повеќе, но наместо да ја зголемиме предност Хорак ни даде два гола за 12:10. Манасков со гол од крилна позиција погоди, но Шлахта со звукот на сирената погоди за 13:11 на полувреме.

Вториот дел започна со гол на Стоилов и исклучување на Миркуловски. Со три ефектни гола на Филип Талески (вкупно пет), момците на Раул дојдоа до најубедливите +5 во 38. минута. Се осоколи и Мартин Велковски и нашата предност се движеше меѓу три и пет гола. Сепак, започнаа потешкотиите во нападот, Здрахала и Хорак погодија во серија за 22:21 на осум минути до крајот. Јакуб Хрстка од седум метри во 54. минути израмни на 22:22 за голема драма во финишот.

24990471977 3f787fbce8 z

Манасков од отпадок ја врати нашата предност, но брзо врати Каспарек (23:23). Мрква му одбрани седмерец на Лазаров на пет минути до крајот, а Хорак со човек помалку првпат ги доведе Чесите во водство (23:24). Велковски со клучен гол израмни на две минути до крајот. Сепак нашите технички грешки беа многубројни, па Чесите поведоа и имаа напад за +2. Но, на чуден начин погрешија и Манасков доби седмерец за реми. Неговиот удар го прочита Мрква и Чешка славеше голема победа од 24:25.

Најефикасни поединци во македонскиот табор беа Талески со пет и Стоилов со четири гола, а кај Чешка се истакна Хорак со осум. Утре од 18:30 часот, Македонија во меч против Данска ја завршува главната групна фаза во Вараждин.