Раул Гонзалез не направи измени за денешниот натпревар против Чешка. Тоа значи дека Кирил Лазаров има шанси да настапи. Капитенот останува во составот на македонската репрезентација, тоа влева надеж дека капитенот ќе може да се појави на теренот.
Неизвесно е дали Лазаров ќе настапи против Чешка, но би требало сигурно да игра против Данска.
Раул Гоналез има право на уште една измена во втората фаза од Европското првенство, доколку го извадеше Кире Лазаров тоа ќе значеше и дефинитивна потврда дека остануваме без капитенот.