Попладнево, без капитенот Кирил Лазаров, македонските ракометари тренираа во малата сала во Свети Мартин и полека ја започнаа подготовката за дуелот со Чешка.
Левиот бек на Рајн Некар Левен, Филип Талески апострофираше дека не смее чешката селекција да не се сфати сериозно, бидејќи пред неполна недела ја совлада Данска, а ја намачи и Германија во петокот.
Погледнете ја комплетната изјава на Филип Талески по денешниот тренинг: