Селекторот Раул Гонзалез подготви замена за утрешниот натпревар со Шпанија во Вараждин.
Левиот бек Филип Лазаров поради ситна повреда го пропушти дуелот со Германците. Сега Лазаров е подготвен за игра и ќе се врати во составот за дуелот со Шпанија, а на трибините ќе оди Никола Маркоски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра утре со почеток од 20.30.