Интернационалните судии од Белорусија, Андреј Гуско и Шареј Репкин се делегирани од ЕХФ за натпреварот од првото коло во главната групна фаза на Европското првенство меѓу Македонија и Шпанија.
Двајцата Белоруси вторпат ни судат на ова првенство (по мечот со Германија), а во минатото се соочувале со македонската селекција и македонските клубови.
Натпреварот со „црвената фурија" почнува утре од 20.30 часот.