Димовски: „Разочаран сум, не ја искористивме вечерта на Борко„
Некои од нашите ракометари синоќа беа видно разочарани од исходот и пред се од начинот како Данска ја издвојува победата. Посебно поискусните знаат дека европскиот првак вчера не беше сјаен, а ние не го искористивме Борко на голот и неговата форма и интервенции не донесоа ниту тесен пораз:
„Не сум задоволен, не само поради поразот туку и поради превисоката разлика на крајот, која воопшто не е реална. Имавме слаба реализација, дури и за на тренинг, но тоа е нешто што треба да ги разгледаме утре во пресрет на дуелите со Чешка и Австрија. Не мислам дека премногу се заморивме и сигурен сум дека ќе бидеме максимално подготвени за претстојните напори. Едноставно, не смеевме да калкулираме против Данците бидејќи игравме во прекрасна атмсфера и си должевме самите на себе да дадеме се од себе против извонредно силниот противник. Ништо не е загубено и верувам дека доаѓаат подобри денови за нас" рече разочаран Ванчо Димовски по средбата.