hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија попушти во финишот и капитулираше против незгодната Белорусија

sp-egipet-rakomet-makedonija-belorusija-24.01.2021-41611501512

Белорусија - Македонија 30:26 (14:14)

Македонската ракометна репрезентација одигра долго време рамноправен натпревар против Белорусија, но не избегна нов пораз, па капутилираше со 30:26. За разлика од минатите порази, овој пат Македонија одлично го почна мечот, во голем дел од првото полувреме го имавме и водството, на одморот се замина со нерешени 14:14.

Бевме рамноправни и во првите десетина минути од второто полувреме, беше 20-20 кога почнавме да играме лошо во нападот, а тоа го искористи Белорусија, која направи серија од 6-1, се одлепи и рутински го приведе мечот до крај за конечни 30-16.

Капитенот Лазаров со седум гола беше нашиот најдобар ракометар, Кузмановски постигна четири, Пешевски и Поповски по три, Митревски имаше осум одбрани. Во составот на Белорусија, Кулеш постигна седум гола.

Share