hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Словенија покажа моќ и убедливо ја надигра подмладената Македонија

mkd - slovenija

Македонија – Словенија 21:31 (9:14)

Македонската ракометна репрезентација со пораз ја почна главната групна фаза. Во големата арена во Каиро, Македонија загуби од Словенија со 21:31 (9:14) и останува со само една победа во четири натпревари.

Дуелот започна одлично, Митревски одбрани два зицери, а Лазаров со три гола од седум метри ни донесе предност од 4:2 и 5:4. Скоро пет минути двете селекции не постигнаа гол, пред Талески под закана од пасивен напад да погоди за 6:4 во 14. минута.

Следеа голови на Доленец и серија 3:0 на Словенците, но возврати Талески со два гола за 7:7 во 17. минута. Започнаа ротациите, заглави нашиот напад и со серија 5:2 Словенија поведе со 9:12, благодарение на Цехте, Мачковшек и Габер. Лесјак собра единаесет одбрани во првиот дел, нашата селекција 5-6 минути не постигна гол и на одмор се замина со 9:14.

Вториот дел го започнавме конфузно, скоро 12 минути не постигнавме гол меѓу финишот на првиот и почетокот на вториот дел и Словенците се одлепија на +6. Се разиграа Зарабец и Мачковшек и во 40. минута предноста порасна на +8. Ротираше Брестовац, во играа влегоа Томовски, Танкоски, Серафимов, Мишевски и Костески, но на шанса за враќање во натпреварот немаше. Словенија лесно го приведе натпреварот кон крај и славеше со 21:31.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со пет погодоци, а по трипати прецизни беа Танкоски, Талески и Кузмановски. Лесјак беше фантастичен на голот на Словенија со 17 успешни интервенции, додека најефикасни кај противникот беа Гајиќ со седум и Доленец и Мачковшек со по пет погодоци.

Share