Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денеска го игра 40-от натпревар за Македонија на Светските првенства, а вкупно 68. меч на големите натпреварувања сметајќи ги тука и Европските првенства.
Во првото полувреме со Чиле постигна три гола, а вториот од нив беше негов 300. на настапите на Светските првенства. Симболично е тоа што и првиот беше постигнат во истата сала, пред 22 година, а сега и овој јубилеен.
Македонскиот капитен не само што постигнува голови на седум светски првенства, во четири различни децении, туку постигна гол на сите 40 натпревари на коишто настапил на ракометните шампионати на светот.