hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шведска пресилна, Македонија со пораз го отвори СП во Египет

kire egipet svedska

Македонија - Шведска 20:32 (11:16)

Македонската ракометна репрезентација загуби од Шведска со 32:20 (16:11) на деби натпреварот на 27-то Светско првенство во ракомет во Египет. Избраниците на Брестовац парираа само една четвртина, а потоа шведскиот квалитет исплива на површина и поразот беше неминовен.

Одбраната не функционираше, нападот исто така беше на ниско ниво, бевме безидејни, правевме многу грешки кои Швеѓаните ги казнуваа со контра напади.

Беше 4.4, кога Шведска направи серија од 3:0 и се одлепи на 7:4, од оваа прва поголема негатива успеавме да се вратиме, направивме и ние серија и израмнивме на 8:8. Но потоа следуваше 5:0 за Швеѓаните, по кои до крајот на мечот не успеавме да им се приближиме. На полувремето се замина со водство за противникот од 16:11. Откако Брестовац виде дека не можеме да се вратиме, шанса им даде на сите ракометари. Дадовме само девет гола во вториот дел, конечниот резултат гласеше 32:20.

Најефикасен во нашиот состав беше КирИЛ Лазаров со пет голови, Стоилов, Поповски, Пешевски, Танкоски и Костески постигнаа по два. Томовски одбрани шест пати, Митревски пет. Кај Шведска незапирлив беше Ване кој постигна 11 голови.Македонија - Шведска 20:32 (11:16)

Македонската ракометна репрезентација загуби од Шведска со 32:20 (16:11) на деби натпреварот на 27-то Светско првенство во ракомет во Египет. Избраниците на Брестовац парираа само една четвртина, а потоа шведскиот квалитет исплива на површина и поразот беше неминовен.

Одбраната не функционираше, нападот исто така беше на ниско ниво, бевме безидејни, правевме многу грешки кои Швеѓаните ги казнуваа со контра напади.

Беше 4.4, кога Шведска направи серија од 3:0 и се одлепи на 7:4, од оваа прва поголема негатива успеавме да се вратиме, направивме и ние серија и израмнивме на 8:8. Но потоа следуваше 5:0 за Швеѓаните, по кои до крајот на мечот не успеавме да им се приближиме. На полувремето се замина со водство за противникот од 16:11. Откако Брестовац виде дека не можеме да се вратиме, шанса им даде на сите ракометари. Дадовме само девет гола во вториот дел, конечниот резултат гласеше 32:20.

Најефикасен во нашиот состав беше КирИЛ Лазаров со пет голови, Стоилов, Поповски, Пешевски, Танкоски и Костески постигнаа по два. Томовски одбрани шест пати, Митревски пет. Кај Шведска незапирлив беше Ване кој постигна 11 голови.

Share