Познат списокот за СП во Египет: Лазаров, Стоилов и Митревски ги предводат младите
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац ги одбра ракометарите кои ќе патуваат во Египет на настап на Светското првенство. Брестовац ќе поведе 20 ракометари за настап на Мундијалот, ќе бидеме без Дејан Манасков, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски, но со Кире Лазаров и Стојанче Стоилов од искусните.
Голмани:
Никола Митревски (Порто)
Мартин Томовски (Лудвигсхафен)
Никола Даниловски (Охрид)
Леви крила:
Димитар Димитриоски (Вардар)
Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)
Леви бекови:
Филип Талески (Вардар)
Дарко Георгиевски (Анжер)
Горан Крстевски (Фочани)
Михајло Младеновиќ (Металург)
Централни бекови:
Филип Кузмановски (Хановер)
Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер)
Марко Мишевски (Вардар)
Десни бекови:
Кирил Лазаров (Нант) - капитен
Мартин Велкоски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Серафимов (Металург)
Десни крила:
Мартин Поповски (Амичитија Цирих)
Ненад Костески (Еурофарм Пелистер 2)
Кружни напаѓачи:
Стојанче Стоилов (Вардар)
Жарко Пешевски (Штутгарт)
Никола Марковски (Еурофарм Пелистер)
Ракометарите се очекува да заминат за Египет утре попладне. Македонија ќе биде во групата Г заедно со Шведска, Египет и Чиле. Најдобрите три селекции во секоја група одат во наредната фаза.