Чешка откажа, Лазаров ја предводи Македонија на СП во Египет
Ракометната репрезентација на Чешка го откажа учеството на Светското првенство поради повеќе позитивни случаи на ковид-19, Македонија ќе игра во Египет. Нашата репрезентација како прва резерва ќе биде замената и ќе настапи на светскиот шампионат.
На прес-конференција Чесите изјавија дека поради позитивни случаи со ковид-19 не се во состојба да создадат конкурентен тим за настап на Мундијалот и го откажуваат настапот на Светското првенство.
Тоа значи дека Македонија ќе ја замени Чешка и ќе играме во групата со Шведска, домаќинот Египет и Чиле. Македонската репрезентација беше на готовс, со негативни тестови, подготвена за еден ваков развој на настаните. Капитенот Кирил Лазаров по 22 години се враќа во Египет, каде првпат на една голема приредба настапи во 1999 година