hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Последен натпревар

kire ves

Веспрем  - Барселона  34:30 (18-17)

Унгарски Веспрем е освојувач на третото место на осмиот „фајнал-фор" на Лигата на шампионите, откако во малото финале во меч во кој водеше 60 минути, ја совлада Барселона со 34-30 (18-17). Оваа победа за Веспрем е прва против Барса со подолг период и еден мал реванш за поразот во финалето во Келн пред две сезони.

Мечот подобро го почнаа Унгарците, бидејќи ги реализираа првите три напади, а Алиловиќ веднаш одбрани и седмерец. Двете екипи играа гол за гол во првата половина од првиот дел. Лекаи со два инвидуални гола го одлепи Веспрем на 8-5 во 13. минута. Кога Андреас Нилсон погоди од позиција на кружен напаѓач, Пасквал побара тајм-аут при +4 за Унгарците.

Палмарсон и Лекаи беа незадржливи и ја полнеа мрежата на Борко Ристовски. Реакцијата дојде со головите на Ентрериос и Мем и Барса намали на 14-12 во 24. минута. Долгите обиди на Каталонците вродија со плод и Нгесан и Сипржак израмнија во 27. минута (16-16). Угалде со гол во последните мигови од првиот дел донесе минималец за Веспрем на полувреме (18-17).

Во знакот на двајцата голмани Гонзало и Миклер започна и вториот дел. На голот на Лекаи, реплицираше Лазаров за 21-20 во 35. минута. Кога Ривера имаше седмерец за израмнување, Миклер одбрани во 39. минута. Сепак, Ваел Жалуз во следниот напад ја проби одбраната на Унгарците за 22-22.

Но, Шпанците подзастанаа, Миклер се разбрани, а Угалде ја комплетираше серијата 3-0 за 25-22 на половина од вториот дел. Играта на Барса полека почна да се распаѓа и Наџи погоди против својот бивш клуб за +5 во 49. минута. Момците на Пасквал не го спуштија заостанувањето и Веспрем мирно го приведе мечот кон крај за победа од 34-30.

Лекаи со 6 и Наџи со 5 гола беа најефикасни кај Веспрем, а Нгесан со 6 и Ривера со 5 гола се истакнаа кај Барса. Нашиот Кирил Лазаров постигна 3 гола на својот последен европски натпревар за Каталонците. Борко Ристовски бранеше само во првите 10-12 минути од првото полувреме.

Фото:Филип Вирановски  /  Гол.мк

Share